fbpx

Kовачевски за „Ди Пресе“: Дезинформации пласираат оние кои не сакаат земјата да напредува

-

Дезинформациите во земјава во врска со војната во Украина се распространуваат со финансиска поддршка од Русија, во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“, вели премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Говорејќи за дезинформациите што во земјаваа се пласираат во контекст на политичката ситуација и војната во Украина, Ковачевски рече оти не смета дека дезинформациите се производ на домашните „кујни“, туку дека потекнуваат од зад границите.

„Тие потекнуваат од трети земји кои не сакаат оваа земја да напредува и да се развива. Ова е јасно финансирано од Русија. Затоа членството во ЕУ е наша стратешка цел. Тоа нуди слобода на критичко размислување, социјална правда и економски просперитет. Тоа го сакаат и луѓето во Северна Македонија и во регионот“, истакнува Ковачевски за „Ди Пресе“.

Премиерот Ковачевски во интервјуто вели дека земјава во целост ја спроведува одлуката на Советот на Европа за забраната за емитување на руските медиуми „Спутник“ и „РТ“, како што неодамна направија и САД, Велика Британија и други земји.

„Северна Македонија целосно ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ. За прв пат воведовме санкции кон Русија, почнувајќи со оние од 2014 година“, посочи премиерот Ковачевски за австрискиот медиум.

Во контекст на Русија како фактор во меѓународната политика, тојј вели дека оваа земја има интерес од замрзнати конфликти на Балканот, кои се пречка за евроатлантските интеграции.

„Западен Балкан отсекогаш бил од интерес за Русија. Нејзиното влијание преку медиумите, вклучително и преку некои политички партии, беше секогаш присутно. Русија има интерес од замрзнати конфликти на Балканот, кои им оневозможуваат на земјите да го изодат својот пат кон евроатлантските интеграции“, вели Ковачевски.

Тој нагласува дека во време на воената агресија на Русија кон Украина, членството во НАТО е од огромно значење за Северна Македонија, особено за нејзината економија.

„Неиспровоцираниот напад на Русија врз Украина докажува дека членството во најголемиот светски одбранбен сојуз НАТО, е од огромно значење за секоја членка. Ние сме мала земја. Нашата безбедност ја гарантираат сите членки на НАТО, што има многу позитивни последици за нашето општество – исто така и за нашата економија. Затоа што странските инвеститори, особено оние од инфраструктурниот сектор, знаат дека се во безбедна земја, заштитена од НАТО“, истакнува премиерот Ковачевски во интервјуто за “Ди Пресе“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...