Ковачевски со осуда за вчерашниот инцидент, да не се вовлекуваат граѓаните во насилни сценарија

-

Премиерот Димитар Ковачевски најостро ги осудува вчерашните настани кај плоштадот „Скендербег“, за кои вели дека за голема среќа не резултирале фатално за граѓаните.

„Никаков револт не може да оправда употреба на огнено оружје од страна на цивили, каменување, оштетување државен имот, посегнување по нечиј живот. Изразувањето незадоволство преку мирно протестирање е уставно загарантирано право и оваа Влада досега повеќе пати покажала и докажала дека демократијата е во рацете на граѓаните и никој нема да им го ускрати тоа право“, наведува Ковачевски во денешната објава на Фејсбук.

Тој додава дека омразата и насилството не биле решение и никогаш нема да бидат решение за ништо. Ковачевски потсетува дека од последните случувања, и хулиганското однесување на улица има само еден губитник, а тоа е Република Северна Македонија.

„Ги повикувам политичките чинители да не ги вовлекуваат граѓаните во насилни протести, давајќи им лажни ветувања. Ваквите сценарија веќе нѝ се добро познати на сите нас. Вчера видовме страшен пример за политичари кој имаа несовладлива склоност да играат улога на жртва, поради голема желба за моќ. Ваквите “игри” го покажуваат вистинското лице на оние кои се кријат позади народот. Еден ден ги поттикнуваат на радикализам, веќе следниот се повлекуваат и оградуваат од граѓаните кои претходно ги изманипулирале. Ним сакам да им порачам – крвавите сцени во законодавниот дом, на улиците низ државата, се едно минато време кое е зад нас и на кое никогаш нема да дозволам да се вратиме“, вели Ковачевски.

Премиерот вели дека приоритети треба да нѝ бидат хармонијата и просперитот, а секој проблем да се решава низ дијалог, како што функционира секоја земја-членка на НАТО и земја чија иднина е ЕУ.

Ковачевски уште еднаш повторува дека Владата во ниту еден момент не го довела под знак прашалник македонскиот идентитет и македонскиот јазик во однос на европскиот предлог за почетокот на преговорите со ЕУ и дека се залагаат за европски вредности.

Насер Зибери: Во затворот „Идризово“ 1.200 затвореници ги лечи само еден општ лекар и две медицински сестри

Состојбата на една земја најдобро може да се види врз основа на тоа какви повреди на правата регистрира официјалниот бранител. Ова го вели народниот правобранител на Северна Македонија, Насер Зибери, во...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Насер Зибери: Во затворот „Идризово“ 1.200 затвореници ги лечи само еден општ лекар и две медицински сестри

Состојбата на една земја најдобро може да се види врз основа на тоа какви повреди на правата регистрира официјалниот бранител. Ова го вели народниот правобранител на Северна Македонија, Насер...