fbpx

Ковачевски се сретна со Мицотакис, во фокусот економските релации меѓу двете земји

-

За време на работната посета на Грција по повод учеството на Економскиот форум Делфи, претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, информираат од Владата на РСМ.

На средбата, на која присуствувале и заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорката на УЈП Сања Лукаревска, премиерите на двете земји разговарале за посветеноста, за целосна и непречена имплементација на обврските на двете страни утврдени во Договорот од Преспа.

Ковачевски на средбата со Мицотакис нагласил дека со воспоставеното партнерство засновано на доверба и пријателство односите меѓу двете земји се трансформираа во сојузништво потврдено и со членството на Северна Македонија во НАТО.

„Економската соработка помеѓу двете земји традиционално е на високо ниво, a соработката има потенцијал и понатаму да се развива и се поттикнува со континуираниот политички дијалог на највисоко ниво и со градење на довербата во интерес на двете земји“, рече Ковачевски.

На средбата станало збор за постигнување договор за олеснувања во доменот на даночните политики, и дополнително било констатирано дека градењето на цврсти економски односи и унапредување на билатералната соработка е важно, особено во услови на светска криза.

За време на разговорот двајцата премиери уште еднаш ја потенцирале важноста од соработката во енергетскиот сектор, за која се согласиле дека има голем потенцијал, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји.

Заедничките енергетски проекти се од значење за Република Северна Македонија како нови извори за снабдување со гас како поеколошки и поевтин енергенс, како и од можноста да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот.

На средбата било разговарано и дека во периодот кој следи ќе продолжат со интензивна меѓусебна комуникација за унапредување на економските односи помеѓу двете пријателски земји, а со крајна цел обезбедување на побрзa и одржлива соработка за економски раст.

Тема на средбата била светската криза предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина и за потребата од заедничка соработка за ублажување на последиците од растот на цените на енергенсите за граѓаните и стопанството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...