fbpx

Ковачевски-Руте: Првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ ќе има позитивен импакт за целиот регион

-

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со премиерот на Холандија Марк Руте, кој му го честиташе изборот за премиер и му посака успешно остварување на владината програма.

За време на телефонскиот разговор двајцата соговорници се согласија дека дијалогот Скопје – Софија ќе овозможи заеднички прифатливи решенија за отворените прашања за двете страни и дека тоа ќе ја забрза одлуката за одржување на првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ од што се очекува позитивен импакт и за целиот регион на Западен Балкан.

Посебна благодарност Ковачевски изрази за силната и континуирана поддршка на Холандија, и на премиерот Руте лично, во аспирациите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Ковачевски се заблагодари за посетата на холандскиот премиер во ноември минатата година и истакна дека таа посета дополнително ја интензивираше соработката меѓу Република Северна Македонија и Холандија.

Тој го информираше неговиот колега Руте дека Северна Македонија продолжува со имплементацијата на европските стандарди во реформските процеси и за новата динамика во дијалогот и отворената комуникација со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков.

Премиерот Ковачевски информираше и за актуелните политички процеси дома, особено во делот на справувањето со светската енергетска криза, и за поддршката на Владата за ублажување на последиците од неа за граѓаните.

На крајот од разговорот холандскиот премиерот Марк Руте го покани претседателот на Владата Димитар Ковачевски во прва можна прилика да ја посети Холандија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...