fbpx

Ковачевски: Реформа во јавната администрација не само како услов за ЕУ, туку поради граѓаните

-

Реформата на јавната администрација останува еден од клучните приоритети на Владата, но сега се издигнува како прашање од исклучителна важност и за процесот на преговори со Европската унија (ЕУ), со фактот дека е една од клучните области од Кластерот „Основи“, рече премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на седницата на Советот за реформа на јавната администрација.

Реформата во јавната администрација мора да ја спроведеме, не само како услов за ЕУ, рече Ковачевски, туку пред сѐ поради квалитетот на живот на граѓаните дома, во оваа држава.

„Ефикасна јавна администрација е очекување на граѓаните. Тоа го ветивме во Програмата за работата на Владата 2022-2024. И зборувањето, плановите, предлозите, конечно мора да се операционализираат на ниво на функционални решенија, односно напорите за подобрувања во оваа област, да почнат да даваат видливи резултати. Сѐ додека тоа не се случи, ние можеме да велиме дека многу е работено и сработено, но незадоволството ќе постои – и кај граѓаните и кај бизнис заедницата“, рече Ковачевски.

Менталитетот е нешто што не се менува преку ноќ, додаде премиерот коментирајќи ги наодите од Извештајот за евалуација за Стратегијата 2018-2022, при што рече дека се работело, но изностануваат резултати што би ја подобриле перцепцијата кај јавноста дека има значителни подобрувања што ја олесниле достапноста до институциите и ефикасноста во добивањето на услугите.

Ковачевски рече дека е неопходна реформирана јавна администрација согласно начела и вредности суштествени за европскиот административен простор, којашто придонесува кон одржлив економски раст, владеење на правото, социјална кохезија и благосостојба.

„Ова е неопходност, бидејќи директно го засега квалитетот на живот на граѓаните, како и работата на приватниот сектор дома – и повеќе нема простор за „ќе““, рече Ковачевски на седницата.

Премиерот порача дека приоритетни цели мора да бидат деполитизирана и професионална јавна администрација и воспоставување на кохерентен систем на плати и реорганизирани и оптимизирани институции со зајакнат интегритет. Тој побара институциите веднаш да се постават проактивно кон креирање на мерки и активости од Акцискиот план за реализација на Стратегијата, со прецизни очекувања и рокови, но и со проекции за финансиските импликации.

Реформите во јавната администрација заглавија во законски измени

„Граѓаните мора да имаат доверба во администрацијата и во институциите и да почувствуваат тие постојат и работат за нив и за нивните барања. Луѓето и бизнис заедницата плаќаат даноци, администрацијата се финансира од тие пари во Буџетот и граѓаните имаат право на ефикасни, економични и пред сѐ достапни услуги, што им го олеснува, а не им го отежнува функционирањето во секојдневието“, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека може да се види унапредување во делот на дигиталната трансформација, додавајќи дека е важно администрацијата да работи во средина со дигитални можности и да биде оспособена да ги применува.

Во процесот на пристапни преговори со ЕУ е особено важно да има видливо зајакнување на административните капацитети на органите на државната управа, истакна премиерот, додавајќи дека за тоа е потребно и прецизно пренесување на правните концепти од европското законодавство на македонски јазик со цел постигнување ист правен ефект и униформно важење на правото од моментот на пристапување на државата во ЕУ. Во овој процес е потребен кадровски потенцијал што може да одговори на сите потребни обврски, порача премиерот, и мора да се пристапи кон зајакнување на човечките ресурси.

Ковачевски апелираше на максимална одговорност и посветеност и рече дека неговиот пристап на работа е базиран на мерливи резултати.

„Членството во Европската Унија е наша државна стратешка цел. Економскиот развој на државата и квалитетот на услугите од институциите е наша граѓанска потреба, со што Европа ќе ја живееме дома. Функционирањето на државниот систем е огледало на луѓето и на институциите во една држава“, порача премиерот.

Ќе се забрза ли процесот на е-услугите ?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...