fbpx

Ковачевски по лидерската средба: ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени

Дадов предлог до Мицкоски доколку се сложат заеднички и консензуално да пристапиме кон остварувањето на оваа стратешка цел и сите заедно да ги гласаме уставните измени. Доколку сите заедно ги изгласаме, тогаш предложив дека веднаш по гласањето може да одиме на избори, рече премиерот

-

ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени во државата, тоа е заеднички заклучок и клучна порака од оваа средба, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната лидерска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата, како што појасни, премиерот предложил да го направат следниот чекор заедно и заедно да ги изгласаат уставните измени бидејќи, како што кажа, тоа е вистинското решение што граѓаните го очекуваат од нив.

„Дадов предлог до Мицкоски доколку се сложат заеднички и консензуално да пристапиме кон остварувањето на оваа стратешка цел и сите заедно да ги гласаме уставните измени. Доколку сите заедно ги изгласаме, тогаш предложив дека веднаш по гласањето може да одиме на избори и тоа е став кој го имам кажано јавно пред неколку месеци. Во текот на изминатиот период сфатив дека за нив е важно да бидат дел од власта и за да покажеме дека ние како Влада не сме ориентирани кон добивање политички поени само за себе и дека не сме водени од свој партиски интерес и дека не сме фокусирани само на резултатот на следните избори, предложив заеднички да го изгласаме отворањето на Уставот со две третини и веднаш утредента ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за претставници на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ковачевски.

На тој начин, според него, ќе обезбедат влада која ги обединува сите и таа влада ќе го спроведе процесот на уставни измени, ќе го заврши скрининг-процесот које во тек и таа влада ќе ги отвори поглавјата и дури може и да затвори едно или две од поглавјата кои се дел од првиот кластер, а дури потоа ќе се организираат редовни избори.

„На тоа додадов уште еден чекор, уставните измени кои ќе се донесат во своите завршни и преодни одредби да имаат одредба со која што ќе важат од моментот на втората меѓувладина конференција. Сè друго е надвор од преговарачката рамка и таа е донесена од 27 членки на ЕУ и сметаме дека е компромис кој овозможува непречено одвивање на евроинтеграциите и заштита на македонскиот јазик во рамките на ЕУ“, истакна Ковачевски.

Наспроти ова, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерската средба ја оцени како неуспешна. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество на ДУИ.

Според Мицкоски, изборите би ги подготвувала техничка Влада, не оваа Влада, 100 дена пред одржувањето на изборите. А, евентуалните уставни измени, според него, треба да важат од денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот Протокол на Македонија во рамките на ЕУ од парламентите на 27-те земји-членки.

Мицкоски тврди дека средбата со Ковачевски била неуспешна, бара предвремени избори

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...