fbpx

Ковачевски: Нов тендер од 5 милиони евра за фирма блиска до Мијалков

-

Додека Груевски смислува насилни сценарија и работи на поделба на граѓаните, на 2 март оваа година склучен е нов договор за ископ на јаглен и на јаловина во РЕК Битола со битолската фирма „Марковски компани“, во висина од 290 милиони денари или речиси 5 милиони евра, рече пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, на прес-конференција во Собранието.

– Договорот е склучен во постапка со преговарање без претходно да биде објавен оглас. Фирмата е во сопственост на битолчанецот Борче Марковски, од неодамна конзул на Белорусија, инаку во јавноста познат како близок пријател на Сашо Мијалков. Фирмата „Марковски компани“ од 2008 година до денес има добиено тендери во РЕК Битола во износ поголем од 60 милиони евра. Оваа фирма е тесно поврзана со највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ – вели Ковачевски.

Според Ковачевски, поради ваквите и слични милионски тендери, цената на струјата постојано се зголемува, а сметката за тоа ја плаќаат граѓаните.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со блокадата на Собранието овозможувуваат да продолжат бизнисите на Груевски, а спречуваат да се формира нова реформска влада, која ќе се грижи за потребите на граѓаните. А по промените ќе има и ревизија на работењето на досегашната власт и ќе има одговорност за сите направени злоупотреби – додава Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...