fbpx

Ковачевски му порачува на ВМРО-ДПМНЕ наместо со најавените блокади, да почне со работа во општините

-

По најавите на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на Собранието на РСМ од 10 мај и барањето на Христијан Мицкоски за лидерска средба за закажување на датум за предвремени парламентарни избори, денеска со реакција излегоа двајцата лидери на владејачките СДСМ и ДУИ, Димитар Ковачевски и Али Ахмети.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ конечно да почнат да работат, порачувајќи дека уцени не прифаќа и дека нема да дозволи ограничување на Собранието за носење на потребните закони и одлуки во интерес на граѓаните по најавите за блокади од опозицијата.

„ВМРО-ДПМНЕ пред скоро една година доби мандат во најголем дел од општините во државата и гледате што се случува во општините, немаат ниту еден проект. На почеток почнаа да прават некои презентации, ама тоа беа проекти коишто беа оставени од градоначалниците од претходно. Сега гледате дека нема ништо. Во градот Скопје освен што како во хокеј се менуваат директорите на секои 2 месеци, ништо друго не се случува“, изјави Ковачевски.

Тој рече дека опозицијата треба да си ја презеде одговорноста во свои раце, да покажат дека можат да работат во општините, за тоа што го ветуваа, а ниту едно ветување не е остварено.

„Парламентот да функционира. Владата има зголемена парламентарна поддршка во Собранието виз-а-ви претходната Влада, бидејќи сега имаме 64 пратеници поддршка, нова партија којашто се приклучи во коалицијата. Не постојат никакви ограничувања за носење на потребните одлуки за граѓаните“, рече Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека може да се разговара со сите политички партии, но за теми кои се од интерес на граѓаните и решавање на проблемите.

„Но уцена со одбројување 5 дена, 4 дена, единствена точка на дневен ред предвремени избори, таква средба не може да има“, рече Ковачевски .

И Али Ахмети денеска рече дека нема ништо лошо во лидерска средба, но под услов таа да не биде условувана и со наметнување на теми.

„Блокадите не се категорија за унапредување на демократијата, таа се унапредува со дебати и компромиси. Мислам дека самите средби немаат ништо лошо во себе, но не со условувања и уценување“, истакна Ахмети.

Инаку, од ВМРО-ДПМНЕ се заканија дека по 10 мај ќе ја блокираат работата на Собранието, со што можат да го заглават усвојувањето на законски решенија кои се наоѓаат во моментов во законодавниот дом.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...