fbpx

Ковачевски и Пич разговарале за стабилноста во регионот и во Европа и за соработката во рамките на НАТО

-

На денешната средба со Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство (ОК) за Западен Балкан, премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се заблагодари за сета поддршка од Обединетото Кралство, „којашто е од исклучително значење во демократските, интеграциските, реформските и сите други процеси, значајни за граѓаните на нашата држава“, соопшти владата.

Фото: Влада на РСМ, 27 октомври 2022

На средбата, на која Сер Стјуарт Пич бил придружуван од амбасадорот на ОК во земјава, Метју Лосон, се разговарало за актуелни прашања во регионален и глобален контекст, во насока на стабилноста и мирот во Европа и во светот.

Обединетото Кралство, како што е соопштено, е голем стратешки партнер и пријател на Северна Македонија и во таа насока продолжува да се унапредува соработката. Оценета е како важна соработката помеѓу Северна Македонија и ОК во рамки на членството во НАТО, со изразена определба за натамошно унапредување.

„Притоа, оценета е како значајна поставеноста на надворешната политика на Северна Македонија, на линија на политиките на државите од Европа, во однос на ситуацијата во Украина и придонесот на нашата држава, преку политиките на пријателство и дијалог, во регионалната стабилност“, се нагласува во владиното соопштение.

На средбата е разговарано и за предизвиците во енергетската област, како последица од војната во Украина и се разгледани можности за одржливи решенија на овој план, како во нашата држава, така и околу таквата потреба и на другите држави од Европа.

Во тој контекст, поздравени се одлуките на Владата што го овозможија почетокот на преговорите и напредокот во евроинтегративниот процес како стратешка цел на Северна Македонија, а од важност за стабилноста и безбедноста и на регионот и на Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...