fbpx

Ковачевски: Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е безбедносен интерес на ЕУ

-

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски учествува на 59 Минхенската конференција за безбедност заедно со уште 450 шефови на држави, министри, лидери на меѓународни организации и невладини организации, како и лидери од бизнисот и граѓанското општество. Ковачевски денеска се сретна со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, а на состанокот беа споделени заложбите на Србија и Северна Македонија за промовирање на регионална безбедност и развој на демократските општества за стабилен и просперитетен регион.

Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.

На средбата премиерот на Северна Македонија и претседателот на Србија, разменија мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и продолжувањето на соработката на регионален план и на тековните регионални иницијативи.

Двајцата соговорници го поздравија ратификувањето на Договорите кои произлегуваат од Отворен Балкан, со кои конечно станува реалност граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во рамки на Минхенската безбедносна конференција, оствари средба и со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. Тој на средбата истакна дека единствено стабилна и просперитетна иднина на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на годинешната Минхенска конференција за безбедност која се одржува од 17 до 19 февруари.

Во фокус на Минхенската конференција за безбедност годинава ќе биде светското преструктурирање, предизвикано пред сé од воената агресија на Русија врз Украина. Како изгледа светот една година по почетокот на инвазијата, дали војната е предвесник на понасилен свет каде што преовладува неказнивоста или војната може да биде катализатор за светско враќање на меѓународниот поредок заснован на правила, се дел од прашањата кои ќе бидат во центарот на дискусиите во Минхен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...