fbpx

Ковачевски: Енергетската криза е момент за заедничка работа, а не за прибирање политички поени

-

По синоќешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, премиерот на прес-конференција изјави дека енергетската криза треба да биде момент за заедничка работа за нејзино пребродување, а не за прибирање на политички поени.

Ковачевски рече дека тие испратиле покана до ВМРО – ДПМНЕ, до нивниот претседател и до економскиот тим, да присуствуваат на денешната седница на економскиот совет во проширен состав на Владата, којашто од нивни причини била одбиена.

Премиерот рече дека на вчерашната средба со Мицкоски тие му ги образложиле сите активности кои што се преземаат во однос на производствените капацитети на ЕСМ – оспособување на сите три блока на РЕК Битола, производство во ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино, како и за набавката на енергенси – јаглен и мазут за нивното работење.

Ковачевски пред новинарите објасни дека со Мицкоски и економскиот тим на опозицијата разговарале и за значењето и за потребата што побрзо да бидат одобрени задолжувањата кај ЕБОР од 100 милиони евра во комисијата за финансирање и буџет и другите соодветни комисии во Собранието на РСМ како и на пленарните седници законите кои што веќе се поднесени. Со ова ќе се обезбедат ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка за работењето на ЕСМ во услови на криза.

Премиерот Ковачевски изјави дека опозицијата го реафирмирала барањето за вклучување на јавните комунални претпријатија на регулираниот пазар.

„Го задолживме Министерството за економија заедно со ЗЕЛС да ги земе податоците заедно со потрошувачката на електричната енергија кај сите од нив со оглед дека категоријата на јавни комунални претпријатија е прилично широка и тоа да може да се спореди и да се стави во корелација со производството на електрична енергија која што го имаме од домашни извори во државата и да се види ефектот кој што ќе го има за нивно можно вклучување на регулираниот пазар“, изјави премиерот.

Тој додаде дека Владата веќе донела одлука со која што ЕСМ е задолжено да врши јавна услуга регулирано присуство на топлинска енергија, бидејќи ЕСМ и Адора компанијата којашто е сопственик на топланите во Градот Скопје успеаа да постигнат согласност и веќе постои договор за закуп којшто е потпишан.

Во однос на јавно изнесените понуди за набавка на поевтини енергенси од страна на Христијан Мицкоски, премиерот посочи дека сите понуди мора да бидат доставени во ЕСМ, но со оглед на тоа дека се работи за контакти кои што сакаат да имаат директен контакт, министерот за економија е тој којшто е задолжен да ги оствари контактите и да се види дали тие имаат соодветна понуда којашто ги задоволува критериумите врз основа на којашто се прават набавки во ЕСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...