fbpx

Коцевски: „Југохром“ да покаже поголема општествена одговорност

-

Градоначалникот на општина Јегуновце, Тони Коцевски, изрази разочарување од ниската општествена одговорност, која според него ја покажала фабриката „Југохром“ во изминатиов период.

-И локалната и централната власт, спрема комбинатот биле толерантни во врска со поставување на филтри на оџаците. Ние како Општина му нудиме и морална и материјална подршка на комбинатот, за возврат од него не добиваме ништо – посочи градоначалникот Коцевски.

Тој изјави дека менаџерскиот тим на „Југохром“ од својот профит нема издвоено никакви средства за подобрување на животната средина во Јегуновце, која е загадена поради работењето на фабриката.

– Неколку пати е пролонгиран рокот за поставување на филтри на оџаците. Од друга страна ние како локална власт направивме урбанистички план само за комбинатот, за да може да го откупи земјиштето. Фабриката користи индустриска вода бесплатно, користи бесплатен паркинг простор, а за возврат од нив немаме никаква поддршка, за изработка на барем еден еколошки проект – вели Коцевски.

Коцевски, апелираше приоритет при вработувањето во „Југохром“ да имаат жителите од Општина Јегуновце.

-Гледам со рестартирањето на „Југохром“ има пак тренд да се вработуваат луѓе од Скопје и другите општини. Ако нека се вработуваат, но нека дојдат со своите семејства тука да живеат, ако ги користат благодетите од фабриката нека дојдат нека живеат во ваква загадена средина како што живееме ние – изјави Коцевски.

Од раководството на „Југохром“, тврдат дека при идните вработувања ќе биде земено во предвид да се вработат повеќе жителите од Јегуновце. Оттаму велат дека се отворени за секаква соработка со општината во поглед на разни проекти во интерес на жителите од овој регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...