fbpx

Коце Трајановски се сретна со претставници на здруженијата на граѓани

-

Градоначалникот Коце Трајановски, денеска се сретна со претставници од дел од здруженијата на граѓани и од фондации од Скопје.

На оваа средба здруженијата на граѓани беа запознаени со плановите за дејствување на Градот Скопје во областа на поддршка на овие здруженија и фондации.

– Град Скопје, преку Секторот за меѓународна соработка и Одделението за соработка со здруженија на граѓани и фондации, со години наназад на разни начини се обидува да ги подобрува капацитетите на Здруженијата на граѓани и фондации кои гравитираат на територијата на Град Скопје. Во таа насока и за таа цел, во изминатите години се спроведени повеќе јавни повици во различни сектори во Градот Скопје, каде што јавни повици спроведуваат Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации, Секторот за јавни дејности (Одделението за социјална и детска заштита, Одделението за култура и Одделението за спорт), како и Секторот за заштита на животната средина и природата при Град Скопје – рече градоначалникот Трајановски на средбата.

Градот Скопје во областа на здруженијата на граѓани функционира во согласност со Стратегијата за поддршка на здруженијата на граѓани и фондации за периодот од 2013 до 2016 година. Со оваа статегија се разработува рамка за идни активности, кои ќе овозможат понатамошно зајакнување и развој на соработката со граѓанскиот сектор со Град Скопје.

Основна цел на Стратегијата на Град Скопје за поддршка на здруженијата на граѓани и фондации е да овозможи активно вклучување на граѓанските организации во процесите на дефинирање развојни активности и иницијативи на Градот Скопје, како и да создаде предуслови за ефикасни партнерства помеѓу граѓанскиот сектор и Градот Скопје.

– Стратегијата на Град Скопје за поддршка на здруженија на граѓани и на фондаци се стреми да обезбеди поволна средина за понатамошниот развој на граѓанскиот сектор и да создаде услови тој да биде препознаен како еден од основните актери во секое современо демократско општество и со тоа да биде еден од основните партнери на Градот Скопје во остварувањето на неговиот иден развој – рече Трајановски.

Претставниците на здруженијата на граѓани го запознаа градоначалникот Трајановски и претставниците на Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации со дел од проблемите и со предизвиците со кои се соочуваат, а средбата ја искористија за да дадат поголем број предлози и сугестии за продлабочување на соработката меѓу нив и Градот Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...