fbpx

Косовските власти почнаа со опомени за српските таблички, војската на Србија во состојба на готовност

-

Косовската полиција ноќеска ја врачила првата опомена за возила што не се пререгистрирани од српски на таблички издадени од Косово. Засега не се знае колку вкупно вакви опомени се изречени, јавува Н1.

Во Косовска Митровица и во Приштина ситуацијата засега е мирна. Во Белград, пак, српскиот претседател Александар Вучиќ издал наредба за готовност на српската војска.

Со српски таблички возат косовските Срби главно од Северно Косово и тоа се толерираше сѐ досега. Од полноќ Косово отпочна со постапката на замена на регистерските таблички издадени од Србија со таблички издадени од Република Косово, пишува Радио Слободна Европа.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља изјави дека полицијата почнала да го спроведува планот за автомобилите со српски регистерски таблички. Овој план – во три фази – ќе се спроведува до 21 април 2023 година. Според него, од 1 ноември ќе им се издаваат предупредувања на сопствениците на автомобили со српски регистарски таблички со барање да одат во кој било од центрите за регистрација на возила и да ги регистрираат своите возила со таблички на РКС (Република Косово).

„Ги повикувам сите наши граѓани кои поседуваат возила опремени со диви регистарски таблички ПР, КМ, ПЗ, ГЛ, УР, ПЕ, ДА или ЃА од 10.06.1999 година до 21.04.2022 година, да ги пријават своите возила со регистарски таблички РКС и на тој начин успешно завршување на овој процес кој директно придонесува за јавната безбедност, безбедноста на сообраќајот и враќањето на законитоста во земјата“, наведе Свечља на Фејсбук.

По предупредувањето, втората фаза од планот за регистарски таблички предвидува глоба од 150 евра за сопствениците на автомобили со вакви таблички, почнувајќи од 21 ноември до 21 јануари. Подоцна ќе се користат пробни регистерски таблички, а по 21 април следната година автомобилите со овие таблички нема да може да се возат во Косово.

Истовремено, српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека претседателот Александар Вучиќ, како врховен командант, издал наредба српската армија да биде ставена во состојба на готовност за да може да одговори на секоја задача. „Србија е сериозна земја, ја презема одговорноста за сите можни проблеми“, изјави Вучевиќ, додавајќи: „Не се подготвуваме за војна, но не можеме да бидеме целосно неподготвени за се што ќе се случи“, пренесува Радио Слободна Европа.

Градоначалникот на општина Северна Митровица, Милан Радојевиќ, за РТС, наведува дека опомените што почнала да ги врачува косовската полиција на граничните премини Јариње и Брњак нема да го сменат ставот на Србите на северот на Косово околу пререгистрацијата на возилата, како и дека не исклучува можност за нови блокади.

„Србите на северот на Косово и Метохија навистина не се закана за никого, сакаме да живееме живот достоен за човека. Од наша страна нема да има никакви инциденти или проблеми, сѐ додека не биде изречена првата казна, што може да се случи, според најавите на Приштина, за 21 ден. Но ќе видиме што е реалноста на терен“, истакнува Радојевиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...