Косовската полиција уапси осум лица поради експлозијата на каналот Ибар-Лепенец

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги негираше обвинувањата за вмешаност на Србија и Белград во инцидентот, кој се случи овој петок

-

Министерот за внатрешни работи на Косово, Желал Свечла изјави дека косовската полицијата уапсила осум лица по експлозија која го погоди каналот што испраќа вода до двете главни хидроелектрични централи, инцидент кој Приштина го прогласи како „терористички акт“ од соседна Србија, пренесува Гардијан.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги негираше обвинувањата за вмешаност на Србија и Белград во инцидентот, кој се случи овој петок.

„Некако успеавме да ја поправиме штетата, да ги уапсиме осомничените и да конфискуваме голем арсенал на оружје,“ изјави Свечла за време на прес-конференција.

Командантот на полицијата, Газменд Хоџа, изјави дека уапсените „се осомничени за поттикнување, организирање и извршување на неколку терористички акти, а особено оној во каналот на Ибер Лепенц“.

Хоџа посочи дека првичната истрага покажала дека во нападот биле искористени помеѓу 15 и 20 килограми експлозиви.

Полицијата извршила претрес на 10 локации, конфискувајќи повеќе од „двеста воени униформи, шест ракетни лансери, калашникови, пиштоли и муниција“, додаде тој.

Полицијата соопшти дека повеќето од уапсените лица припаѓаат на локалната српска организација „Цивилна Заштита“, која косовската влада ја прогласи за терористичка организација.

Експлозијата ги зголеми тензиите помеѓу двете земји. Косово, каде што мнозинството се Албанци, ја прогласи независноста од Србија во 2008 година, скоро деценија по герилскиот вооружен отпор против српската власт, но Србија не го признава Косово како независна држава.

Односите остануваат особено напнати на северот на земјата, каде што се случи експлозијата, и каде што српското малцинство одбива да ја признае државноста на Косово и сѐ уште го гледа Белград како своја престолнина.

Советот за безбедност на Косово, кој одржа итни разговори во саботата, соопшти дека ги активирал вооружените сили за да спречи слични напади.

Безбедноста веќе е зголемена по двата неодамнешни напади каде што рачни гранати беа фрлени кон полициска станица и на општинска зграда во северно Косово каде што живеат етнички Срби.

„Советот за безбедност одобри дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста околу критични објекти и услуги како што се мостови, трансформаторски станици, антени, езера, канали“, соопшти советот во изјавата во саботата.

Бурна ноќ на Косово: Експлозија на каналот Ибар-Лепенец кој е клучен за снабдување со вода и струја

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...