Косово не организирало прослава на својата независност во Македонија

Она за што зборува објавата, гледајќи ги фотографиите од написите што ги споделува, нема никаква врска со тоа дека државата Косово организирала некаква прослава на својата независност кај нас во С. Македонија

-

Станува збор за туристи, скијачи на Попова Шапка кои го развиориле знамето за да ја честитаат независноста на Косово и тоа во никој случај не претставува никаков ризик по безбедноста на државата, како што тоа сака да го прикаже оваа објава, пренесуваме текст во целост од Вистиномер.

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

СЕРИОЗЕН БЕЗБЕДНОСЕН ИНЦИДЕНТ

Жмицко ќути, а на Попова шапка, Косово си слави независност? КОЈА ДРУГА ДРЖАВА СЛАВИ ДРЖАВНОСТ ВО ДРУГА ДРЖАВА??? Дали се спрема свадба голема, пред да си ги завршат задачите овие од вСмро- грб, уставни промени, химна…? Дали и овие ќе бегаат како муртинското копито со ќарот в џеб, а нас ќе не остават со прстот во уста и наметнат хаос? И нато не брани а???

Објавата дезинформира дека Косово славело независност кај нас, односно неточно тврди дека „друга држава слави дражавност во друга држава“. Такво нешто немало.

Она за што зборува објавата, гледајќи ги фотографиите од написите што ги споделува, нема никаква врска со тоа дека државата Косово организирала некаква прослава на својата независност кај нас во С. Македонија.

Имено, како што објавија дел од медиумите, група скијачи, сакајќи да ја честитаат независноста на Косово, развиле знаме на оваа држава на Попова Шапка и преку видео порачале:

Добро утро Косово, среќна независност и просперитет секогаш.

Значи, немало никаков безбедносен инцидент, ниту пак, некаква официјална државна церемонија организирана од Косово. Немало никаква државна прослава од Косово во Македонија.

Станува збор за туристи, скијачи на Попова Шапка кои го развиориле знамето за да ја честитаат независноста на друга држава и тоа во никој случај не претставува никаков ризик по безбедноста на државата, како што тоа сака да го прикаже објавата која ја анализираме.

Поради сето погоре, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Најдобрите игри од Galaxy Gaming Showcase што не треба да ги пропуштите

На неодамнешниот гејминг настан Galaxy Gaming Showcase беа најавени бројни игри што ги воодушевија гејмерите со својата разновидност и иновации. Во овој напис ги издвојуваме највозбудливите нови игри што следат во...

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како М.Ј.Б. (24)...

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата...

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Мрежата против дезинформации за Балканот (ADN-Balkans) остро го осуди физичкиот напад врз новинарката на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“, кој се случи на 15 април додека таа известуваше од...
Galaxies Gaming Showcase Event скриншот од YouTube

Најдобрите игри од Galaxy Gaming Showcase што не треба да ги пропуштите

На неодамнешниот гејминг настан Galaxy Gaming Showcase беа најавени бројни игри што ги воодушевија гејмерите со својата разновидност и иновации. Во овој напис ги издвојуваме највозбудливите нови игри што...