fbpx

Косово денеска официјално ќе поднесе апликација за членство во ЕУ, на северот веќе шести ден стојат барикадите

-

Се очекува денеска премиерот на Косово, Албин Курти, официјално да ја поднесе апликацијата на Косово за членство во Европската Унија (ЕУ). Апликацијата ќе биде поднесена до Чешкото претседателство со Советот на ЕУ во Прага, пренесе приштинскиот медиум Коха.

Косовскиот премиер во Владата на Чешката Република ќе биде примен од министерот за европски прашања Микулас Бек, а по средбите ќе има заедничка прес-конференција.

Претседателката Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на Собранието Глаук Коњуфца во средата го потпишаа барањето за членство во Европската унија.

Инаку на северот на Косово, Србите поддржани од Српска листа веќе шести ден се на барикади, во знак на протест поради апсењето на Дејан Пантиќ и присуството на специјалните единици на косовската полиција,

Шефот на ЕУЛЕКС, Ларс Гунар Вигемарк изјави дека безбедносната ситуација на северот на Република Косово е многу сериозна и дека ЕУЛЕКС тројно ги зголемил своите сили, но дека не е надлежен да ја преземе контролата на северот наместо косовската полиција и дека барикадите треба да се отстранат на мирен начин.

Во меѓувреме, 14 нови советници дадоа заклетва во Собранието на општина Северна Митровица, кое формираше нова законодавна власт.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар вчера се сретнаа со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Ескобар рече дека САД го отфрлаат враќањето на српските сили на Косово бидејќи се против милитаризацијата на проблемот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...