„Денес е мега-понеделник за проширување на ЕУ“, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос. Таа, во објава на социјалните мрежи ги спомена Украина и Молдавија, кои денеска ги почнуваат преговорите за пристапување кон ЕУ и Црна Гора, која затвора уште две поглавја, во очи на Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Црна Гора и конференциите со Украина и Молдавија, кои денеска ќе се започнат во Луксембург.

Кос им порача и на кандидатите за членство да продолжат со реформите на европскиот пат.

„Денес е мега-понеделник за проширување на ЕУ. Прво, Украина и Молдавија ќе го направат својот најголем чекор од одлуката за започнување преговори за пристапување во ЕУ во 2023 година. Исто така, ќе затвориме уште две поглавја со Црна Гора, со што ќе се приближиме до половина од сите поглавја затворени. Денес е ден наменет да се поттикнат кандидатите да продолжат со темпото на реформи“, рече Кос.