Короната ќе остави без работа 7 милиони туристички работници во Европа

-

Туристичката сезона во Европа ќе претпри голем удар од корона вирусот, а околу 7 милиони вработени ќе останат без работа. Станува се поизвесно дека поради пандемијата од Ковид-19, претстојната туристичка сезона за граѓаните на Европската унија ќе биде многу, многу поразлична од претходните години, затоа што повеќето и не планираат да одат на летен одмор, пишува американскиот портал „Политико“.

Тоа ќе биде голем удар за земјите кои практично живеат од туризам и го потпираат својот економски раст на оваа дејност. Во туристичкиот сектор во ЕУ се вработени 22,6 милиони лица или 11,2 отсто од вкупно вработените во Унијата, а туризмот во економијата на ЕУ учествува со 9,5 отсто, наведува „Политико“, цитирајќи ги податоците од Светскиот совет за патувања и туризам.

Според неговите податоци, во Шпанија и во Италија, земјите членки кои се најпогодени од пандемијата, учеството на туризмот во економијата е уште поголем, над 14 отсто, односно над 13 отсто. Според проценките на Европската комисија, во текот на ограничувањата и забраната за движење воведени за спречување на ширење на корона вирусот, приходите на хотелите и на рестораните ќе бидат двојно намалени, туристичките агенции ќе изгубат 70 отсто од заработувачката, додека за авио-компаниите и фирмите кои организираат крстарења со брод, тој процент изнесува 90 отсто.

Поради тоа се очекува дека 50 милиони работни места во туризмот, ширум светот, ќе останат затворени, оценува „Политико“. Надлежните во поголемите и побогати европски земји, како Италија Франција, ги повикаа сонародниците наместо во странство, одморот да го поминат во своите земји, додека помалите држави се решија на поинаков пристап. На пример, за да овозможи скратена сезона од јули, Грција го разгледува воведувањето на здравствен пасош, кој ќе потврди дека патникот кој доаѓа во земјата нема корона вирус. На одреден број на странски туристи исто така се надева и Португалија, а Австрија има намера да ги пушта туристите кои доаѓаат од земји кои добро се справуваат со панедмијата, како што е Германија, наведува сајтот, истакнувајќи дека министрите за туризам на земјите членки на ЕУ разговарале и за можноста за воведување на „туристички коридор“ меѓу државите на Унијата.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...