fbpx

Корона вирусот за 9,79 отсто ги намали приходите од патарина во периодот јануари-април

-

Пандемијата со корона вирусот и воведувањето на полицискиот час осетно ја намали наплатата на патарина во земјава. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ велат дека приходите од наплата на патарина во периодот јануари-април 2020 година се намалени за 9,79 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Во првите два месеци од годинава е забележан раст на наплатата на надоместокот за користење на патиштата според предвидената динамика, но веќе во март и април 2020 година е забележано намалување од 35,46 отсто кај наплатените средства од патарина. Во ваквите приходи влегува и наплатениот надоместок од наплатната станица кај Гевгелија, која беше пуштена во употреба кон крајот на август 2019 година и за прв пат учествува со својот удел на приходи во годинешниов период јануари-април.

Единствени позитивни вести во екот на корона вирусот стигнуваат во делот на електронската наплата на патарина. Од јули 2019 година до средината на мај годинава се продадени 16.933 електронски уреди, од кои 10.832 М-Смарт картички и 6.101 тагови. Остварен е вкупен промет од 3.246.717 евра, при што во овој период направени се вкупно 87.660 поединечни надополнувања на картичките и таговите.

Од почетокот на годинава до средината на мај 2020 година се продадени 3.226 вакви електронски уреди, што укажува на фактот дека сè поголем број на возачи ја користат електронската наплата на патарина и остваруваат попусти од 2 до 7 отсто на наплатните станици.

Јавното претпријатие за државни патишта лани оствари рекорден приход од 44,3 милиони евра од патарините. Од надоместокот за користење на македонските автопати само во првиот квартал од 2019 година беа инкасирани околу 8 милиони евра.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...