fbpx

Корона вирусот во март го намали бројот на туристи во земјава за 67,3 отсто

-

По континуираниот раст на македонскиот туризам во изминатите неколку години, епидемијата на корона вирусот доведе до намалување на бројот на туристи во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во март 2020 година изнесувал 17.943, кои оствариле вкупно 41.948 ноќевања.

Бројот на туристите во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бил намален за 67,3 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 62,8 отсто. Кај домашните туристи, намалувањето изнесува 60,5 отсто, додека бројот на странски посетители опаднал за 70,4 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 50,3 отсто, додека остварените ноќевања кај странските туристи се намалиле за 69,6 отсто.

Како резултат на остриот пад на бројките во март, туризмот во првиот квартал од годинава бележи негативни резултати во работењето. Бројот на туристи во периодот јануари-март 2020 година е намален за 18,3 отсто, додека ноќевањата што ги оствариле домашните и странските туристи се намалиле за 19,7 отсто. Пред појавата на корона вирусот, земјава во јануари и февруари 2020 година бележеше раст од околу десетина проценти на бројот на туристи во споредба со 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...