fbpx

Корона кризата нема да го откаже воведувањето на видео-надзорот на автопатот на Коридор 10

-

Епидемијата со корона вирусот во нашата земја нема да ја откаже реализацијата на проектот за воведување на Интелигентен транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридорот 10. Од Министерството за транспорт и врски најавуваат пролонгирање на објавата на тендерот за избор на изведувач, па така наместо кон средината на годинава, тој ќе биде објавен до крајот на 2020 година. Од ова министерство за „Мета.мк“ велат дека во моментов се подготвува тендерската документација за овој проект.

– Во тек на втората половина на 2020 година се планира да се ангажира Консултант за имплементација на соодветните ЕУ директиви и подготовка на стратегија за одржување на ИТС опремата – посочуваат од Министерството за транспорт и врски.

Интелигентниот транспортен систем предвидува инсталирање на камери за видео-надзор долж автопатот, метеоролошки станици, електронски знаци и СОС телефони на автопатот од Табановце до Гевгелија. Проектот вреден 18,6 милиони евра треба да им овозможи на возачите во реално време да се информираат за временските услови на патот, евентуалните ограничувања на брзината на движење и прекините во сообраќајот.

Преку двата контролни центри на Јавното претпријатие за државни патишта во Петровец и Неготино деноноќно ќе може да се мониторира сообраќајот и временските услови на патот, но и брзо да се дејствува во случај на појава на вонредни настани на автопатот. Главната цел на идниот комуникациско – информациски систем за контрола и управување на сообраќајот е да се зголеми безбедноста на сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни несреќи со фатални последици на Коридорот 10.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
download udemy paid course for free
download redmi firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
free download udemy paid course