Корона кризата го намали бројот на вработените во туризмот меѓу 81 и 100 отсто

-

Во услови кога ситуацијата во туризмот е многу болна и сложена, тешко е да се замисли дека една мерка може да ги компензира последиците од пандемијата на Ковид-19, пред сè заради обемот на проблемите кои произлегоа и се зголемуваат. Се  навлегува во критичен период за кој ќе биде неопходен нов сет од економски мерки, се наведува во „Студијата за ефектите врз приватниот сектор – туризам и угостителство, погоден од здравствено-економската криза од пандемијата Covid-19“.

Анализата содржи препораки за справување со економските последици, а е изработена преку проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива.

– Потребно е прилагодување на пакетот мерки, но и условите за нивно користење, особено во делот на времетраењето на помошта, висината на кредитите, ослободувањето од давачки, кои нема како да бидат покриени без економска активност, како и сите други давачки на кои државата не може да смета доколку компаниите немаат економска активност – истакна експертот Кристијан Џамбазовски, ко-автор на Студијата, на денешната прес-конференција на која се претставија клучните наоди од овој документ.

Според нив, кај 42, од вкупно 64 анкетирани претпријатија, или 67 отсто од испитаните, бројот на вработени се намалил помеѓу 81 и 100 отсто, како резултат на кризата. Само кај 22 фирми или 34 отсто, кризата од Ковид-19 сè уште не се одразила на бројот на вработени.

Врз основа на резултатите од истражувањето се предлага реформа во организацијата на туризмот, која ќе содржи корекција на законот за туристичка дејност, интегриран како неразделен дел од нов закон за поттикнување на развојот на туризмот, по моделот на повеќе земји-членки на Европската Унија. Новото законско решение треба да вклучува и механизам кој автоматски би се активирал во случај на кризни ситуации.

Истражувањето траеше од 13 до 26 април и него го спроведоа Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Сојуз на стопански комори на Македонија и консултантската куќа ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал од Скопје, имплементатор на проектот.

Заклучоците и препораките од Студијата преку Платформата за јавно-приватен дијалог ќе бидат доставени до надлежните органи со цел заеднички да се креираат  краткорочни и долгорочни мерки кои ќе ги ублажат последиците во секторот туризам и угостителство врз база на актуелната состојба со која се соочуваат компаниите и нивните потреби.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...