Корона кризата ги одложи плановите за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром

-

Огромните загуби што ги донесе корона кризата во авиосообраќајот ќе ги одложат и плановите за реконструкција и проширување на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Од турската компанија ТАВ Македонија, која е концесионер на македонските аеродроми, за „Мета.мк“ велат дека во моментов се обидуваат да го одржат бизнисот во живот. Бројот на патници на македонските аеродроми во моментов е намален за 68 отсто во првите осум месеци од годинава, во споредба со идентичниот период лани.

„Се обидуваме да ги исполниме своите финансиски обврски навреме, во ситуација кога имаме драматично намалени приходи. Затоа, сите дополнителни инвестиции што беа планирани пред кризата ковид-19, сега се запрени, сè додека не закрепнеме од овој огромен удар“, велат од ТАВ Македонија.

Инаку, охридскиот аеродром лани ја надмина бројката од 315.000 превезени патници, што претставуваше позитивен рекорд во неговата историја. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Томислав Тунтев во интервју за „Мета.мк“ објасни дека терминалната зграда на охридскиот аеродром била димензионирана да прими максимум 300.000 патници на годишно ниво.

Поради ова, аеродромскиот оператор размислувал во првата фаза да оди со реконструкција и проширување на постоечката терминална зграда, а во следната фаза да бидат преземени инвестиции во нови инфраструктурни објекти, кои би значеле можност за прифаќање и отпрема на околу 600.000 до 700.000 патници годишно, вели директорот на АЦВ.

„И сето тоа, веќе беше во фаза на план, на проект, имаше преговори и со владата, во однос на релокација на одредени средства, оние што останаа од неуспешниот проект за штипскиот аеродром, и реална беше потребата од реконструкција и проширување на инфраструктурните капацитети на охридскиот аеродром“, информира Томислав Тунтев.

Сепак, финансиските штети што ги предизвика корона кризата во авиоиндустријата и намалувањето на бројот на патници ги одложија плановите за инвестирање во реконструкција и проширување на охридскиот аеродром.

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека двата македонски аеродрома, заклучно со септември 2020, годинава имале 631.791 патник. Лани во првите девет месеци биле превезени 2.043.228 патници, односно авиосообраќајот само досега изгубил над 1,4 милиони патници, без притоа во оваа бројка да се вкалкулира планираниот годишен пораст на патници којшто се очекуваше на аеродромите за годинава доколку не се појавеше пандемијата. Притоа, охридскиот аеродром од јануари до септември 2020 година опслужил вкупно 66.964 патници.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев изјави дека доколку се средат работите околу пандемијата, во смисол на вакцини, поголем број на оздравени, поголем број на патници кои ќе сакаат да ги користат услугите на воздушниот сообраќај, тогаш воздушниот сообраќај би можел постепено да закрепнува со едно ниво, со кое во 2023 година можеби ќе дојде на ниво на коешто беше минатата година. Инаку, тој информираше дека за претстојната зимска сезона, само еден или два авиопревозници најавиле дека би можеле да имаат операции на охридскиот аеродром.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...