fbpx

Кори Левандовски го напушти тимот на Доналд Трамп

-

Доналд Трамп одлучи да ја прекине соработката со менаџерот на неговата кампања, Кори Левандовски, и во самиот финиш од претседателската трка ќе влезе без човекот заслужен за неговотo политичкo издигнување.

Левандовски беше еден од најблиските соработници на Трамп од моментот кога контроверзниот бизнисмен ја изрази својата политичка амбиција.

Левандовски, според пишувањата на американските медиуми, бил во конфликт со поединечни фракции во кампањата околу тоа по кој пат треба да се продолжи, особено зашто станало јасно дека Трамп не го подобрува својот резултат во предизборните анкети.

Според некои медиуми, Левандовски е сменет, а други медиуми пишуваат дека тој самиот одлучил да си оди.

Тимот на Трамп соопшти дека му се заблагодарува на Кори за неговиот труд и посветеност во кампањата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...