fbpx

Конзервативците водат на изборите во Британија, но немаат апсолутно мнозинство

-

Владејачката конзервативна партија на британската премиерка Тереза Меј ќе освои 314 пратенички места, додека опозициските лабуристи ќе имаат 266, покажуваат првите анкети од предвремените парламентарни избори што се одржаа во Велика Британија, пренесува „Би-би-си“.

Сепак, во овој случај конзервативците би имале помалку од досегашните 330 мандати во парламентот кој брои вкупно 650 места и останува неизвесно дали партијата на Меј ќе има апсолутно мнозинство за да владее сама.

Лабуристите, според сегашните првични резултати, ќе имаа 34 пратеници повеќе отколку во сегашниот парламентарен состав.

Шкотската национална партија (СНП) , според првичните анкети, освоила 34 мандати, а Либералните демократи 14. На велшката национална партија ќе и припаднат три места во парламентот, а на зелените еден. Десничарската британска независна партија (УКИП), според неофицијалните резултати, нема да влезе во парламентот.

Според проценките на „Би-би-си“ резултатите во 76 изборни единици се многу тесни за да може да се прогласи победник, што делумно може да влијае на промена на резултатите што ги покажуваат првичните проекции.

Доколку не успее сама да формира влада, лидерката на конзервативците Тереза Меј ќе мора да прави коалиција или да владее со поддршка на некоја од помалите партии.

Според други проценки можна е опцијата лабурстите предводени од Џереми Корбин да се обидат да формираат влада во коалиција со помалите партии кои се противат на плановите на Меј.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...