fbpx

Концесиите од рудниците, добар приход за општините

-

Прекинот на работата во рудникот „Тораница“ на команијата „Индоминерали“, го извади на површина фактот дека компанијата, на име на концесии, е должна на двете општини каде има рудници.

Едната од нив е Пробиштип, каде „Индоминерали“ за експлоатација на рудата во рудникот „Злетово“ веќе должи девет милиони денари. „Индоминерали“, според Општината Пробиштип, го нема уплатено надоместокот за три квартали, а завршува и четвртиот.

Вкупно, за една година, „Индоминерали“ треба да уплати на име конецесија на Општината Пробиштип 14 милиони денари или околу 230.000 евра. Според законот, општините добиваат два отсто од произведениот концентрат на рудникот.

Овој износ за Општината Пробиштип е пет отсто од вкупниот буџет, кој е планиран за инфраструктурни проекти. Општината неколкупати барала од министерствата да ја предупредат компанијата да ги исполни своите законски обврски, но засега без ефект.

Колку е значајно за една општина доброто работење на рудник е примерот од Македонска Каменица. Од концесијата од рудникот „Саса“, со кој управува руската компанија „Солвеј“, Општината секоја година инкасира околу 1,2 милион евра.

Освен тоа, дополнително, рудникот се јавува како донатор на неколку инфраструктурни и други проекти од интерес на градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...