fbpx

Контролорите на ДИК од денеска на обука

-

Вкупно 80 контролори, вработени во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, од денеска се на обука за спроведување на теренската проверка за прочистување на избирачкиот список.

Обуката на контролорите што ќе ја надгледуваат работата на анкетарите се очекува да заврши за неколку дена, а од сабота тимот анкетари треба да почне со теренската проверка на сомнителните гласачи.

На вчерашната седница, членовите на ДИК одлучија да се проверат вкупно 89.383 лица.

Основаноста на сомнежите ќе се испитува преку анкетни прашалници, а од ДИК велат дека нема веднаш да се бришат спорните гласачи од избирачкиот список ниту, пак, ќе има казни за граѓаните што ќе одбијат да соработуваат и да ги дадат бараните информации.

Теренската проверка ќе ја спроведуваат 374 анкетари, придружувани од претставници на четирите политички партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...