Контроли во деликатес оддели за месо и месарници во супермаркети, сопствениците казнети со 82.000 евра

Кај 15 оператори утврдени се незадоволителни хигиенски и технички услови во објектот, кај 12 најдена е храна со поминат рок на употреба, а кај 5 храна без следливост, со оштетена амбалажа, недекларирана, утврдиле инспекторите

-

Инспекторите аз храна од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрекле 29 парични казни во вкупна вредност од 82 илјади евра, при контролите што ги правеле во деликатес одделите и месарниците, како и во месарниците кои изработуваат свежи подготовки од месо, а се наоѓаат во супермаркети, дисконти и хипер маркети.

За два дена, биле спроведени 124 вонредни контроли кај големите маркети кои имаат ланци на супермаркети, дисконти и хипер маркети. Целта на контролите била да се провери дали операторите се регистрирани во АХВ, дали и колку се исполнети општите и посебните хигиенски услови за храна, со акцент на спроведување на контроли во деликатес одделите и месарниците, како и во месарниците кои изработуваат свежи подготовки од месо.

„Се контролираше и исполнетоста на процедурите за чистење и дезинфекција на опремата, приборот за работа и спречување на вкрстена контаминација, снабдувањето со безбедна вода, поседувањето на санитарни книшки и сертификати за стручна подготовка на вработените лица кај операторите, чувањето и складирањето на храната, нејзиното потекло, следливоста (проверка на комерцијалните документи), како и почитувањето на температурниот режим за храната од нејзиниот прием до ладилник“, наведено е во соопштението на АХВ.

Контролирано било и водењето записи за НАССР и добра производствена и добра хигиенска пракса, означувањето на храната, плановите за сопствено мострирање на операторите, спроведувањето на операциите за пакување/препакување, дезинфекција, контрола на штетници, а со вонредните контроли опфатени биле и магацините на операторите.

„Кај 15 оператори утврдени се незадоволителни хигиенски и технички услови во објектот, кај 12 најдена е храна со поминат рок на употреба, а кај 5 храна без следливост, со оштетена амбалажа, недекларирана. Тројца од контролираните оператори не извршиле задолжителни здравствени прегледи за вработените, 10 не воделе записи за HACCP, добра хигиенска и добра производствена пракса. Кај 4 оператори најдени се несоодветно означени производи, а еден објект не бил регистриран. Нештетно се уништени 22,3 тони небезбедна храна, од кои најголем дел месо“, информира АХВ.

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...