Вицепремиерот Бујар Османи, кој во владата на СДСМ и ДУИ е надлежен за евро-интеграции, дал интервју за Агенција Европа во кое тврди дека ако ЕУ не ѝ додели датум за преговори на Македонија во март годинава, тоа ќе значело „најголема интервенција во изборите“ со „огромни последици“. Ова тврдење е чисто извртување на вистината, т.е. спин од неколку причини, пишува „Вистиномер.мк“.

„Ако се донесе во март позитивна одлука, тоа, исто така, би било мешање на само две–три недели пред закажаните избори, затоа што се смета дека може да биде огромен ветар во грб за сегашните владејачки партии СДСМ и ДУИ. Но, тоа истовремено значи мешање во негативна насока за опозициската ВМРО-ДПМНЕ или други помали партии во македонскиот и албанскиот политички блок, со што самите земји членки на ЕУ се ставаат во лоша позиција да бидат обвинети дека, сепак, поддржале некого на изборите.Токму затоа, ваквото лошо ставање на земјите-членки на ЕУ во контекст на изборите може да биде контрапродуктивно по нивната одлука“, пишува меѓудругото „Вистиномер.мк“.