Контраспин: Никој не може да знае дали ќе нè примеле во НАТО без Преспанскиот договор

Она што го тврди Боцевски е во доменот на шпекулативното. Никој не можел да знае дали ќе има војна во Украина четири години пред таа да се случи, ниту пак, можел да каже, чекајте Грција ќе се согласи со подобри услови за вас, пишува Вистиномер во својот нов Контраспин

-

Во ТВ интервју, поранешниот амбасадор, Ивица Боцевски искажа став кој може да се идентификува како спин:

Спин: За НАТО. Па да се почекаше малку, ќе влезевме со Шведска и со Финска со многу подобар договор од Преспанскиот договор. Не е во политиката сè сега, веднаш и конечно.

[Извор: ТВ 21 – Интервју И. Боцевски – Датум: 06.03.2025]

Контраспин: Ексамбасадорот и поранешен вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски, говорејќи во пошироко интервју за повеќе прашања, искажа тврдење дека државата не требало да го прифаќа Преспанскиот договор ниту со мотив за членство во НАТО, затоа што ако сме почекале малку ќе сме влегле во последниот круг проширување со Шведска и со Финска, со договор многу подобар од Преспанскиот – став што не е ништо друго туку извртување на вистината, т.е спин.

Причините зошто е спин се многу едноставни. Токму, како што вели Боцевски, дека не е сè во политиката „сега, веднаш и конечно“, патот на Република Македонија пред Преспанскиот договор кон НАТО бил многу долг и неизвесен (кон ЕУ е сè уште таков), и земјата била пред многу дилеми што да направи. Различни раководства од главните политички партии во земјата биле исправени пред прашања дали да се прифати акронимот ФИРОМ за да се влезе во ООН, па потоа дали да се прифати промена на членови на Уставот за заштитата на нашите малцинства во соседните земји, дали да се смени знамето, дали да се прифати Времената спогодба со Грција од 1995 година и ред други прашања во децениите понатаму, вклучително и дали да се прифати промена на името во 2008 година во Република Македонија (Скопје) пред тогашниот самит на НАТО, со цел исто така да се влезе во северно-атлантската организација. После многу такви дилеми, односите на Р. Македонија со НАТО, кои започнале уште во 1993, а завршија со полноправен прием во 2020 година, напредуваа токму по потпишувањето на Преспанскиот договор и почетокот на неговата имплементација.

Од календарот на Министерството за одбрана за патот на Македонија до НАТО може да се види дека во април 1999 година на Самит на НАТО во Вашингтон Р. Македонија станала официјално земја кандидат, а во април 2008 година на Самитот на НАТО во Букурешт, „во заклучоците од Самитот е нотирано дека покана за членство на РМ ќе и се упати по изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот со името со Р. Грција“. Преспанскиот договор е потпишан во јуни 2018 година, формалните преговори за зачленување во НАТО завршија во октомври истата година, договорот од Преспа беше ратификуван во парламентите во Скопје и Атина во јануари 2019 година, а по завршувањето на сите процедури и ратификации во сите земји членки од НАТО, македонското знаме беше кренато во штабот во Брисел во март 2020 година.

Според спинот на Боцевски ние да сме почекале ќе сме станеле земја членка три-четири години подоцна заедно со Финска и Шведска со многу подобар договор. Практично Боцевски имплицира дека поради војната во Украина, започната во февруари 2022 година, од безбедносни причини (ќе сме му требале на НАТО многу повеќе од пред тоа), ќе нè примеле и без договорно решение за проблемот со името што го наметна Грција или со многу подобро од Преспанскиот договор. Тоа тврдење е исклучиво во доменот на шпекулациите.

Кој можел да знае во 2018 година кога е започнат, а во 2019 завршен патот околу Преспанскиот, дека три години потоа ќе се случи руската агресија и геополитичката карта во светот ќе се промени драстично? Второ и под претпоставка да знаел некој, кој може со сигурност да тврди дека Грција немало да остане на нејзиното долгодецениско вето поради прашањето со името?

Ако Боцевски тврди така, тогаш тој ја извртува вистината затоа што одговорите се во доменот на шпекулациите. Токму затоа ваквото тврдење на Боцевски е спин.

Пишува: Теофил Блажевски

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката...