fbpx

Контра-тужба за Самарас

-

Пратеникот на Независни Грци, Павлос Хаикалис, најави тужба за премиерот Андонис Самарас откако тој го обвини Хаикалис за клевета и најави тужба против него.

– Ако треба ќе поднесам тужба за клевета против премиерот – изјави Хаикалис кај обвинителот.

Тој пред два дена пријави дека имало обид да го поткупат со два-три милиони евра за да гласа за кандидатот за претседател Ставрос Димас. Прво посочи дека се сомнева дека и Самарас се крие зад поткупот, но по најавата за тужба од Самарас, ја повлече изјавата. Грчкото обвинителство го повика денеска на втор испит откако Јоргос Апостолопулос, човекот кој се товари со обвинение дека се обидел да го потплати Хаикалис, тврдеше дека целиот разговор бил наместен за да покаже пред лидерот на Независни Грци дека Хаикалис не е лојален и е спремен да се продаде за да гласа за претседател.

Во текот на утрешниот ден, се очекува обвинителството да донесе конечна одлука за скандалот со подмитувањето, односно дали навистина се работи за подмитување или има сомневање за монтиран случај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...