fbpx

Контрадикторности во ставовите за носењето маски на официјалните лица и меѓународните здравствени институции

-

Пандемијата „Ковид-19“, покрај лажните вести, се доживува и со противречните изјави дадени од службени лица или меѓународни здравствени институции. Премиерот на Албанија, Еди Рама, продолжува да биде верен на ставот дека маските не треба да се користат масовно, а од друга страна Силва Бино од ИЈЗ го изјавува спротивното. Но, и меѓународните институции се судираат во врска со употребата на маските. СЗО продолжува да сугерира масовна неупотреба на маски, додека ЦКП на САД го советува спротивното, пишува Порталб.мк.

На 18 март, премиерот Еди Рама, преку статус на Фејсбук го повтори повикот за масовна неупотреба на маски.

„Постојано потсетуваме дека за оние кои не се болни, не лекуваат болно лице или не работат во средина со голем број луѓе, маските не само што се не се корисни, туку и штетни затоа што ја намалуваат нашата будност во спроведувањето на основните правила”, рече Рама.

Премиерот Рама, цитирајќи го италијанскиот епидемиолог Фабрицио Преглиаско, додаде дека маските не треба се користат залудно од оние кои не се болни и дека е важна хигиената на рацете и општата хигиена во целина.

„Маската не е неопходна ако не сте позитивни. Залудно се користи! На пример, се користи во супермаркети затоа што постои страв дека сме близу до друго лице, но бескорисно е. Доволно е да се задржи растојанието од најмалку еден метар… Ајде да ги измиеме рацете и да го задржиме растојанието“, додал Рама.

Но, д-р Силва Бино од Институтот за јавно здравје, при ажурирање на состојбата како резултат на „Ковид-19“ на 7 април, побара да се носат маски кога се излегува надвор од домот.

„Многу е важно да се спроведат мерките, да се носи маска кога одиме во супермаркет, во места каде има многу луѓе и да се одржи растојанието меѓу луѓето“, рече Бино.

Но, прашањето дали треба да се носат маски секојдневно или не, наидува на спротивставувања и меѓу двете најважни здравствени установи, како што се Светската здравствена организација и Центарот за контрола и превенција на болести на САД.

Маски треба да користите само кога сте заразени со Ковид-19 (особено кога имате кашлица), или кога сте близу некој кој може да биде заболен од Ковид-19. Заштитните хируршки маски може да се користат само еднаш. СЗО препорачува рационална употреба на маски за да се спречи нивното непотребно користење“, се вели во делот за прашања и одговори на СЗО.

Од друга страна, Центарот за контрола и превенција на болести на САД препорачуваат употреба на маски на дневни излегувања, особено во области со висока концентрација а на луѓе.

„ЦКП препорачува употреба на маски во јавноста, каде мерките за социјално дистанцирање потешко се спроведуваат (продавници или аптеки). ЦКП исто така советува употреба на маски со цел да се забави ширењето на вирусот и да им се овозможи на луѓето кои не знаат дека се заразени да не заразуваат други лица се вели во секцијата за совети Центарот за контрола и превенција на болести на САД.

Марјо Бракај

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...