fbpx

Конкуренција за квалитет на мед во Тетово, пчеларите загрозени од климатските промени и употребата на пестициди

-

Вчера во Тетово здруженијата „Град на пчелите“ и „Полошки мед“, во соработка со Факултетот за прехранбена технологија при Универзитетот во Тетово, по трет пат организираа меѓународни натпревари за квалитет на медот „Tetovo Honey Awards 2021“, пишува Порталб.мк.

Начинот на оценување на квалитетот беше одреден од Органолептичката комисија, исто така од меѓународен карактер. Комисијата направи органолептички анализи, и преку вкус, арома, изглед се оценуваше секој примерок по што се определуваа бодови.

Дритон Дикена од Здружението „Град на пчелите“ рече дека оттаму примероците ќе одат на Факултетот за технологија за храна во лабораторија и ќе бидат микробиолошки анализирани неколку недели.

„Резултати ќе има во средината на ноември и се надевам на награди“, рече Дикена.

Владимир Петровски, претседателот на здружението „Полошки мед“ објасни како пчеларите во минатото наесен не работеле премногу, но сега поради климатските услови мора да се посветат на пчелните семејства за да ги заштитат од болести и труења поради употреба на пестициди од страна на земјоделците.

„Поради климатските промени станува се потешко, годината е солидна, но не и идеална. Можеме да се едуцираме и мора да делуваме превентивно. Исто така, нелојалната конкуренција е со фалсификување мед. Затоа, секогаш им препорачуваме на граѓаните да купуваат мед од пријатели, или од нивните соседи, луѓе што ги познаваат, за да бидат сигурни дека купуваат квалитетен мед“, изјави Владимир Петковски.

Дел од жирито е и професорката Христула Кипријановска од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, која рече дека и покрај климатските промени со кои денес се соочуваат пчеларите, тие успеваат да го одржат квалитетот.

„Медот е квалитетен, иако во последните години пчеларството е под ризик од климатски промени. Пчеларите се во благородна мисија да ги спасат пчелите кои во такви услови не можат сами да преживеат, па луѓето ги хранат“, рече Христула Кипријановска

Двете здруженија работат на проекти за кои се надеваат дека во иднина ќе основаат сопствен бренд на мед на Шар Планина.

Инаку и годинава учествуваа голем број пчелари. Во конкуренција за квалитет беа над 350 пчелари од 22 различни земји во светот. Сепак, пчеларите се чувствуваат загрозени од климатските промени, како и од употребата на пестициди од страна на земјоделците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...