Конгрес на СДСМ: Стручност и компетентност, солидарност наместо ароганција

Покрај 113 членови на Централниот одбор, СДСМ денеска избра и нова потпретседателка на партијата, Фани Каранфилова Пановска

-

Стручност и компетентност, солидарност наместо ароганција, обнова на партијата. Вака лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, говореше за време на денешниот Конгрес на СДСМ, потенцирајќи оти е задоволен од енергијата и ентузијазмот кај присутните. Покрај другото, СДСМ денеска избра и нова потпретседателка на партијата, Фани Каранфилова Пановска.

„Таа е човек кој се познавам долго време, знам дека цврсто верува и во себе ги носи социјалдемократските вредности“, рече Филипче за Каранфилова Пановска, додавајќи оти таа учествувала во работата на многу граѓански организации и соработувала со други правни субјекти коишто ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија.

Филипче појасни оти денеска се заврши прекинатиот 29-ти Конгрес, при што беше прифатена оставката на претходната потпретседателка и на остантиот дел од раководството, а се одржа и 30-от Конгрес на кој е избрана новата заменичка, како и 113 членови на Централниот одбор.

„Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации, имавме соодветни критериуми по кои беа избрани и на нив им посакувам успешна работа. Сметам дека ќе бидат одлични претставници во својот регион, на општинските организации“, рече Филипче.

Претседателот Филипче најави дека во текот на наредната недела ќе биде комплетиран изборот и на останатите раководни органи и тела на СДСМ.

„Првиот состанок на новиот состав на Централниот одбор ќе се одржи во текот на оваа недела и тука ќе бидат избрани членовите на новиот Извршен одбор, Потпретседателите и секретарите на партијата со што во текот на оваа недела се заокружува целокупниот процес на поставување на ново партиско раководство“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој во својот говор посочи оти целта е да создадат систем во кој кадровскиот потенцијал со кој располагаат ќе биде распореден исклучиво по својата стручност и компетентност, а не заради блискоста и личните релации со партиското раководство.

„Принципот е секој да биде искористен таму каде може максимално да придонесе за исполнување на целите на СДСМ“, истакна Филипче.

Според претседателот на СДСМ, само на овој начин, со реформирана партија може да се работи на реформа и во државата, бидејќи довербата се гради со дела, а не со празни зборови.

„Обновата започнува од нас“, потенцираше Филипче и додаде дека новото раководство на СДСМ мора да биде пример за посветеност и почитување и секојдневно да се потсетува дека постои за граѓаните, а не обратно.

Според Филипче, СДСМ ќе биде отворена за сите кои се блиски до социјалдемократската идеологија. Тој додаде оти главна водилка на партијата ќе биде солидарноста, а не ароганцијата.

„Со моето доаѓање на чело на партијата сакам едно јасно да порачам. Секој кој ќе биде дел од партијата и од раководните структури е поставен на таа позиција да им служи на граѓаните и на членовите на СДСМ. Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја. Додека сум јас претседател, тоа нема да го дозволам затоа што тоа ја уништува сржта на нашето постоење“.

Во таа насока, Филипче потенцираше дека со посветена работа, новото раководство ќе покаже дека лошите навики можат да бидат искоренети, суетите и предрасудите надминати и дека колективното добро ќе биде секогаш над личните интереси.

Тој не ја пропушти шансата да ја нападне владејачката ВМРО-ДПМНЕ која оствари победа на двојните претседателски и парламентарни избори во мај годинава.

„Новото раководство на СДСМ ќе биде исправено пред голема одговорност да ги разобличи лагите, популизмот и опасните политики на актуелната власт“, рече Филипче.

Тој додаде оти ВМРО-ДПМНЕ ги изневери очекувањата на граѓаните и ја турка Македонија во нова ера на режимско владеење.

„Добиваме режим во ново руво. Во моментов се случува партизацијата на институциите која е без преседан. Секојдневно сме сведоци на брутална чистка во која се заменуваат професионалци со партиски послушници. Ова се прави дури во клучните сектори како безбедноста и полицијата, но и секаде во администрацијата. ВМРО-ДПМНЕ систематски планира да ја уништува независноста на судството, да го заробува медиумскиот простор преку создавање на атмосфера на страв, измислени дестабилизации и поделби“, порача Филипче.

Тој најави оти партијата ќе работи на остварување на стратешката определба на земјата да стане членка на Европската унија, потенцирајќите оти тоа е „клучна алатка за трансформација на Северна Македонија во модерна, праведна и напредна држава”.

 

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...