Македонија Конференција за напредокот и за предизвиците на високото правно образование

Конференција за напредокот и за предизвиците на високото правно образование

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

„Достигнувања, напредок и предизвици за високото правно образование во Југоисточна Европа“ е името на конференцијата што денеска ќе се одржи во ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Станува збор за завршна конференција на проектот за поддршка на Мрежата на правни факултети од Југоисточна Европа (SEELS) финансиран од Владата на Сојузна Република Германија, имплементиран од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Правна реформа.

Заменик-амбасадорот на Германија во Република Македонија, Ханс Хелге Сандер, ќе ја отвори конференцијата, заедно со проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на УКИМ, Џејмс Макбет, директор на Германското друштво за интернационална соработка во Република Македонија и со проф. д-р Хрвоје Сикириќ, декан на Правниот факултет во Загреб.