Народната банка на Република Македонија, заедно со централните банки на Холандија и на Португалија, во Охрид ја организира традицоналната, овојпат 8.по ред Конференција за платни системи и системи за порамнување хартии од вредност.

На Конференцијата учествуваат претставнци на 11 централни банки од државите во регионот, црноморскиот регион и на држави-членки на ЕУ.

Централната расправа се води по прашањето за предизвиците и за можностите што произлегуваат од дигитализацијата на платежните текови и од иновациите.

Се дискутира и за дигитализацијата во плаќањето, плаќањето преку интернет, употребата на мобилните апарати во плаќањето, како за приватните потрошувачи така и за корисниците од бизнис-секторот.

– Имајќи ја предвид стратешката определба на Македонија да стане членка на ЕУ, конференцијата нуди добра можност да ги информира учесниците, не само домашниопт банкарски и небанкарски финансиски сектор, туку и сите држави аспирантни за членство во Унијата за тоа какви се интеграциските процеси во сферата на платните услуги, односно на платните системи во рамки на единствената економска област – напомена Маја Кадиевска – Војновиќ, вицегувернер на НБМ за операции за финансиски пазари и платни системи.