Една од најдолго исчекуваните игри со години Phantom Blade Zero денес излезе на пазарот. Има верзии за компјутери и конзоли кои моментално се играат ширум светот и играчите се воодушевени од самата игра.

Девелоперите „S-Game Studios“ се претходно познати по игри за мобилни телефони и ова е прв нивни проект за голема игра каде заинтересираноста е на огромно ниво кај гејмерите до степен што веќе на првиот ден повеќе стримери и јутубери ја сметаат Phantom Blade Zero за следна „Игра на Годината“. 

 

За самата игра Phantom Blade Zero имаме повеќе написи во кои фигурира што може да ги прочитате овде.

Што се однесува до жанрот на играта иако потсетува на „Soulslike“ игра, се работи за акциона игра што е генерално полесна и многу позабавна со „хард кор“ естетика и мрачна варијанта на кинеска митологија каде се инвентивно дизајнирани гротескните непријатели. Во Souls Like игрите ако умрете почнувате пак од чекпоинт наречен „Camp Fire“ додека во Phantom Blade Zero има опција за снимање на играта со сејвови. 

Друга олеснителна околност е што ако донесете главен што го тепате до негова втора фаза и загинете, почнувате пак од втората фаза -додека во Souls Like игрите почнувате скроз од почеток. Но има и опција да се игра на најтешко наречена „66 дена“ што доаѓа по „Hard Mode“ опцијата како уште потешко -толку денови има протагонистот да се излечи и да си ги спаси најблиските. -На таа тешкотија секое умирање ви зема по еден ден и непријателите имаат ред нови адаптибилни AI потези, а не ист фиксиран образец на движења удари и напади кои секогаш се случуваат циклично и исто и може да се предвидат како во повеќето Souls игри. 

Што се однесува до самите борби во критиката и рецензија за играта од  сајтот за видеоигри IGN се спомнува „музички наштиман ритам“ во самите борби, нешто што репетитивните движења кон одредени босеви буквално се прави во такт на предетерминирани потези за одреден главен непријател по ист кружен редослед како свирење песна или „loop“ мелодија на инструмент.

Ова е ретко случајот во повеќето Souls игри освен во Секиро каде највпечатлив бос за фаќање ритам е „минибос Самурајот на којшто му се скока на глава.“ А има и играчи што расправаат околу прашањето дали Секиро е всушност воопшто Souls игра, затоа и Phantom Blade Zero често е нарекувана како „Секиро 2“ -иако тој епитет веќе го освои играта Where Winds Meet.

Играта е одлична, но и ве охрабрува и дури захтева од вас да користите различни оружја и да ги испробате сите, дури и да користите само две исти кога менувате оружје ви се полни „Posture“ ресурсот побрзо што служи за бранење и напад и ако се исцрпи на играч му се зема здравјето а ако се исцрпи на бос може да му се направи финишер. 

Негативните страни споменати за играта се просто од технички причини, главниот лик по име Souls од време на време е блокиран од невидливи ѕидови, или заглавен во такви или оди над текстурите. Секако овие багови не се толку чести, но се случуваат и при деликатно скокање по пречки во одредени зони каде се земаат специјални ајтеми. 

Играта Phantom Blade Zero се продава на Steam за 60 евра, цена што е неколку години изфорсирано ставана на големи најдобри игри или таканаречени „Triple A“ наслови. Самиот фидбек од играчите на Стим ја оценуваат играта со „Многу Позитивна“ оценка.

Ако имавте потешкотии да разберете одредени термини во овој напис може да го прочитате следниот Водич за гејмерски термини каде сите фрази и концепти се објаснети на македонски јазик.