Концертна промоција на новиот албум на Марија Каева во сабота во МКЦ

Фото: МКЦ

Една од најпознатите поп пеачки на македонската поп сцена, Марија Кева го најавува својот нов албум „Фортуна“ кој промотивно ќе и биде претставен на публиката во сабота, на 18 декември со концертна промоција во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

„Повеќе од две децении, Марија Каева е добро познато име на Македонската музичка сцена. Нејзината харизматична појава, прекрасен вокал, извонредна лирика и авторски печат, станаа неизоставен дел од нашиот музички живот низ годините. Незаборавни радиски хитови, но и ангажирани авторски авантури и огромен број соработки со некои од најквалитетните домашни музички имиња, се одлична база за развој. Нејзиниот пат низ музичкиот свет е уникатен и неретко зафаќа неочекувани странични улички, но авторскиот набој е несомнен, а новиот албум „Фортуна“ е само доказ за зрелост. Извонреден албум, кој јасно говори за една развиена експресивност и сериозна музичка издржаност и сето тоа во рамките на поп музиката како правец. “Фортуна“ е директна соработка на Марија Каева со еден од нашите најпродуктивни и секако најквалитетни музичари, господинот Владан Дробицки (Сетстат, МОБ, Кантон6, ПМГ Колектив), за кого овој албум носи неочекуван излет во електро поп. Нешто што на Каева совршено и лежи, па таа фанстастично го надградува со својата лирика и музикалност“, пишува во најавата, промотерот на настанот и албумот Мирко Попов, еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика.

Фото: омот за „Фортуна“, Мирко Попов

На промотивниот концерт во сабота, Марија Каева ќе настапи во живо придружена од Владан Дробицки (електроника) и Дино Милосављевиќ (тапани). Гости на концертот со настап во живо ќе бидат и скопските Диџеј Магија и Тодор Караколев, а како дел од програмата е и настапот на попопуларниот белградски состав Фантом.

“Фортуна“ е 196-то по ред издание на скопската дискографска куќа ПМГ Рекордингс. Албумоте поставен за продажба на бенд кемпот на ПМГ Рекордингс.