Концерт на Whitesnake во Скопје во склоп на нивната последна светска турнеја

Фото: Авалон продукција

Еден од најпрепознатливите и најпопуларни бендови во рокенрол музиката, великанот Whitesnake на 12-ти јули, 2022 година пристигнува во Скопје. Станува збор светска турнеја на групата која воедно е и нивна последна, по што повеќе нема да настапуваат како бенд.

Концертниот настап во рамките на Whitesnake – Farewell tour е најавено дека ќе се одржи на стадионот на АРМ, со почеток во 21:00 часот.

„Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот David Coverdale одлучи во 2022 година да стави крај на Whitesnake. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите, а крај без Скопје и Македонија, едноставно не е возможен. Харизматичниот рокер, кој воедно е еден од најдобрите рокенрол пејачи на светот на сите времиња – Coverdale, заедно со Whitesnake, пред македонската публика ќе ги изведат најголемите хитови со кои израснаа многу генерации“, стои во најавата за концертот од Авалон продукција.

„Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Whitesnake, кое речиси 50 години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување и на кое ме поддржуваа во истото. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам… речиси пет декадентни и вкусни децении. Ви благодарам!”, изјавил Ковердал по повод прошталната турнеја.

Whitesnake се еден од најистрајните бендови на сите времиња, формиран во Лондон во 1968 година. Дејвид Ковердал е единствениот постојано активен член на групата од формирањето до денес. Меѓу колекциите од големо музичко творештво, името Whitesnake ги бележи и хитовите „Is this love?“, „Here I go again“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain’t no stranger“, „Give me all your love“ и многу други.

Фото: Авалон продукција

„Големите одат со стил, а концертот на Whitesnake е нешто што не смеете да го пропуштите во Скопје – за последен пат!“, велат од Авалон продукција.