fbpx

Комплетно е реновирана родната куќа на Блаже Конески во село Небрегово

-

Заврши реконструкцијата на родната куќа на основоположникот на современиот македонски јазик, граматика и правопис, Блаже Конески во селото Небрегово, во општина Долнени.

Според информациите од „Завод и Музеј“ во Прилеп, извршено е комплетно препокривање на објектот.

-Ставени се нови, камени плочи увезени од Грција. Овој проект е дел од редовната Програма на нашата установа за минатата година, финансиран со милион денари од Министерството за културап- изјави директорот Благоја Атанасоски.

Се одржува и штити и трајната поставка со автентичната покуќнина користена од годините кога Конески го живеел детството и младоста во село Небрегово.

Откако се санирани ударните дупки и ставен е нов слој асфалт на патот што води до селото, зголемен е и бројот на туристички посети на Спомен куќата.

Родната куќа на академик Конески е средиште на културни настани во текот на целата година, со особен акцент на денот на раѓањето 19 декември (1921) и неговата смрт 7 декември (1993).

„Завод и Музеј“ Прилеп до Министерството за култура достави барање, Спомен куќата на поетот, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор Конески да биде во задолжителните екскурзии на учениците од сите училишта во државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...