Комплексот „Македонско село“ повторно ќе заживее, најавува Владата

Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на комплексот за почеток со работа од 1 јуни годинава

-

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски денеска ја потпиша одлуката за избор на концесионер на комплексот „Македонско село“, со што Владата најавува дека овој центар повторно ќе заживее.

Од Владата велат дека концесионерот ќе се избира по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.

Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на комплексот за почеток со работа од 1 јуни годинава.

„После години на затворање и уништување на сè што претставува културно наследство, идентитет и историја – конечно започнуваме ново поглавје“, соопштија од Службата за општи и заеднички работи.

„Македонско село“ не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби. Од СОЗР додаваат дека редовно ги исплаќале трошоците за осигурување и обезбедување, со што велат дека имало финансиски загуби од над 300.000 евра.

„Со изборот на концесионер, правиме сериозен чекор кон враќање на животот во еден уникатен простор кој ќе биде отворен за сите граѓани, туристи и љубители на традицијата“, велат од СОЗР.

Комплексот „Македонско село“ се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези. Се состои од 12 автентични куќи со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.

Гори депонија, црн чад се гледа од Шуто Оризари

Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата се наоѓа...

Играта Two Point Hospital е бесплатна на Епик Гејмс до четврток

Играта Two Point Hospital, која е пародија на популарната „Sims“, но сега сместена во болница, e бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за инвентивна игра, полна со многу хумор. Во...

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ

Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во континуирана борба...

Фронт 21/42: Институциите не постапуваат по претставката за хотелот во Горица, законите не важат во Охридскиот Регион

И покрај поднесената претставка од страна на 25 граѓански организации, ниту една од надлежните институции не постапила во законски предвидениот рок во врска со незаконската изградба на хотелот во охридската населба...

Гори депонија, црн чад се гледа од Шуто Оризари

Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата...