fbpx

Компјутерски томограф за поликлиниката „Јане Сандански“

-

Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје ќе добие апарат за компјутерска томографија, со кој значително ќе се подобри дијагностиката на секундарно ниво и оваа услуга ќе ја направи подостапна и побрза за граѓаните. Тендерот треба да биде распишан наредната недела, а се очекува да биде ставен во функција во средината на идната година. Во тек е и набавка на компјутерски томографи и за Клиниката за детски болести, за Клиниката за неврологија и за „Свети Еразмо“ во Охрид, информира денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.

За да може да се врши квалитетна дијагностика на овој апарат, една докторка од поликлиниката, која е специјалист радилог, е испратена на обука за компјутерска томографија во Словенија. Таа претходно била на обука и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Откако ќе се врати од Словенија, во периодот до ставањето во функција на овој апарат, таа уште еднаш ќе биде упатена на обука во странство.

Во Поликлиниката има уште двајца рентгенолози кои, исто така, ќе бидат упатени на едукација, а во рамки на проектот на Министерството за здравство се планира да бидат ангажирани пензионирани доктори од Клиничкот центар, кои ќе помагаат во првиот период, односно првата и втората година.

– Тројца доктори од „Јане Сандански“ се испратени на специјализација за рендгенологија, кои за три години треба да ја завршат. Така, во еден период од две или три години ќе бидеме на сериозно високо ниво екипирани и од аспект на опрема и од аспект на кадар – истакна Тодоров по денешната средба со директорите на Здравствениот дом – Скопје.

Апаратот за компјутерска томографија за поликлиниката „Јане Сандански“ се набавува со средства на Здравствениот дом од Скопје, а останатите три со средства од Министерството за здравство.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...