Фирмата Ubisoft позната по игрите Prince of Persia, Аssassin’s Creed, Splinter Cell и многу други, стави ставка во својот договор со корисниците – самите играчи да се согласат да ги уништат материјалните игри во кутии од фирмата што ги поседуваат, затоа што Ubisoft сака да се фокусираат гејмерите на нивната платформа Uplay каде има стриктно дигитални верзии од игрите.

Иако сето ова е нелогично, Ubisoft го зацврсти овој став за да ги држи своите инвеститори во добро расположение. Проблемот со кој се соочува фирмата е што играчите не сакаат да купуваат ремастери од игри кои ги изработуваат интензивно во последно време. Се работи за истите игри со подобрена графика – од таму и незаинтересираноста.

Тенденцијата на Ubisoft да ги пренасочат гејмерите само на својата дигитална платформа за игри Uplay наиде на многу негативни реакции од гејмерите за негативата што Ubisoft ја предизвика. 

Uplay false protection скриншот од Uplay
Фото: Uplay false protection скриншот од Uplay

„Uplay“ на шега гејмерите го викаат „U Dont Play“ затоа што често има проблеми со cloud saves – односно не само што не се ажурираат добро снимените состојби на дадена игра што интензивно ја играте, туку има појава и кога се брише целиот напредок.

Во вид на избришан save file – што треба да го има на Cloud и за 100% завршени игри со ачивменти и сето останато. Сепак ачивментите остануваат документирани, но поддршката за корисници не функционира адекватно и не ги враќа снимените состојби на Single Player игрите.

Најчесто ова е голем проблем со Assassin’s Creed игрите што имаат најголема популарност од сите нивни игри. Новата ставка е дека неможе да се игра игра ако немате Uplay акаунт, иако играта можеби е купена на Steam, така што паметно е да ги поврзете Uplay и Steam акаунтите.

Но фрапантното барање за уништување на физичките копии од видеоигрите, кои се купени и во сопственост на гејмерите со сентиментална и функционална вредност, почна да открива до кој степен полека се менува гејминг индустријата. И ова е доказ како одредени фирми прават и многу негативни работи за чист профит, без почитување на играчите и нивната посветеност, како што е најновиов случај со фирмата Ubisoft. 

Тоа што ретко кој го чита вистински целиот договор што со којшто мора да се согласите како корисник за воопшто да ви се уклучи игра од нив (Ubisoft но и полно други фирми) да ја играте е исто така загрижувачки фактор каде кликот дека прифаќате услови -правно се смета за потпис, ако се согласите на нивните правила.

Овие случувања со Ubisoft и Uplay повеќето гејмери го гледаат како негатива за фирмата и сметаат дека условите се „надвор од умот“. Но фирмата Ubisoft е решена ова сериозно да го истера до крај.-како начин за користење на нивните услуги.