Компанијата Ubisoft позната по правење видеоигри, подлегна на масовен хакерски напад преку играта „Rainbow Six Siege“, која е популарна игра со пукање со огнени оружја.
Непозната хакерска група проби во системот на играта и им раздаде на сите играчи валута во играта што кога би се префрлила целата адекватна вредност би било над буквално трилиони долари.
Играчите добија скинови што само девелопери можат да ги користат, други специјални ајтеми и многу голем број на работи што се продаваат во кеш шопот на играта.
Иако Ubisoft го третира ова само како „инцидент“, гласините брзо се проширија од уште четири нови хакерски групи кои тролаа дека датабазата е компромитирана во сорс кодот и дека хакерите од првата група може да прават што сакаат со играта. Реакцијата на Ubisoft беше што и за време на празниците фирмата работеше активно и дојде до степен да го затворат кеш шопот и да ги вратат со автоматизиран процес акаунтите на играчите во состојбите пред хакирањето.
Додека шпекулациите се дека целата фирма е хакната и хакерите сега имаат моќ да протечат информации за тековни проекти што се држат во тајност или идни проекти во развој, тоа не се случи.
Но ден по првото санирање на играта од Ubisoft, хакерите повторно нападнаа со лажни приватни пораки во играта маскирани да изгледаат како системска порака дека играчите се банирани што создаде Меме наречено “67” – што стана ознака за хакерските напади дека во текстот од пораката за банирање е спомнато тоа како шега дека според ставка 67 се случува банот.
Секако ова е референца и комичен пристап да се емулира “Наредбата 66” од Старворс филмовите со која Императорот Палпалтин ги врти сите клонови војници против Џедаите и Републиката, каде несвесно програмирани клоновите се превртуваат и егзекутираат голем број неподготвени џедаи. И сега овој хак е 67 еден број погоре од 66. Oва е сцената од филмот.
Но сето ова се повтори деновиве со други драстични хакирања. Беше хакнат интерфејсот на играта со комични тролски пораки – и пораки за таргетиран познати стримери на видеоиграта во живо каде и хакерите комуницираа преку насловното мени во живо со стримерите што се извадија од памет, што кај стримерите предизвика заплашување, но хакерите не претеруваа со тоа. Потоа вметнати се хумористични моменти од секаков вид. Преоптеретувања на мејл сандачето во играта со голем број идентични спам пораки за наводниот бан.
Главните шпекулации се дека е корисен опасниот хакерски експлојт врзан со случаи на пробивање на голем број фирми дури и самиот Google што е наречен како „Mongo Bleed“ според планетата Mongo во научно фантастичниот стрип и филм Flash Gordon. Ова е навистина опасен експлојт преку програмче што се претпоставува дека може да даде пристап и на огромен број сериозни фирми и компании од сите економски бранши, не само во домен на гејминг индустријата. Но шпекулацијата е дека во моментот е користен само кон Ubisoft. Ова е трејлерот за филмот Flash Gordon каде целото дејство се случува на планетата Монго.
Начинот на којшто функционира овој „Mongo Bleed“ хак во општи термини е дека прво се праќаат спам пораки на системот што е таргетиран, во случајов играта Rainbow Six Siege, за да се преоптерети сајбер заштитата при ваков спам реагира со нулифицирање на вредности и бришење на сите спам пораки. Но Mongo Bleed хакот како програма го излажува системот -да го измами сигурносниот систем да пушти автоматизирана порака назад што отвара канал на комуникација помеѓу хакерите и системот на фирмата на играта и тука има неогрaничен проток на информации што ги содржи тој систем. Ова е бегло објаснето и секако дека самиот процес е далеку покомплициран и воден организирано со повеќе луѓе.
И тука е главниот пробив. Што понатамошно многу лесно се превзема контрола ако се работи за видео игра-бидејќи видео игра е посимплифицирана програма за измени како под-програма и самата игра нема толку сериозни заштити како други системи -на пример Аеродроми и авио компании ширум светот имаат голем број посилни заштити и сигурносни системи да се одбранат од хакирање и сајбернапади заради безбедно функционирање и сигурност на патниците. Барем ова е беглото објаснение за како што се шпекулира дека е ова изведено. Но сеуште не се знае процесот јавно, но неминовно е дека се употребени и нови ВИ (Вештачка Интелигенција) начини на хакирање.
А зошто е ова изведено -се поврзува со фактот дека платформата за игри на Ubisoft наречена Uplay што гејмерите иронично ја нарекуваат “Udontplay” со години и децении го упропастува трудот на играчите на нивните игри каде снимените состојби и напредок во игрите кои треба Cloud системот да ги чува за инвестираното време на играчите, нон шаланто го снемува и Ubisoft си ги чистат датабазите, а се обврзани со договор на функционирање да ги заштитат овие фактори кај секој корисник што купил оригинални игри од нив. Односно луѓе кои напредувале во одредени игри -губат стотици часови труд -континуирано со години, со нула превземање одговорност за ова од Ubisoft.
Хакерскиот напад на Ubisoft досега се покажа дека не е за изнудување пари, иако други последователно јавно појавени хакерски групи така шпекулираа, но најверојатно е “освета” за гореспоменатата неажурна и непостоечка заштита на времето на играчите. А голем број од вистински ефикасните хакери неминовно се и гејмери. Сега засега хакерите користеа хумор преку менување на текст пораки во играта. Но во најнови извештаи Ubisoft иако ова го нарекува и третира како тековен инцидент за да не се види магнитудата на ова хакирање, секако дека е многу поопасна ситуација за нив до тој степен што фирмата губи големи пари и мораше деновиве целосно да ја исклучат играта Rainbow Siege 6 од употреба и да биде офлајн -привремено и на неодредено време.
Поради неконзистентност во огромен број извештаи од различни извори во информациите има и доста лажни известувања околу тоа што точно се случува, кои градуално се побиваат или потврдуваат, додека самата фирма Ubisoft дава кратки одговори на јавноста за тековни состојби на функционалност.
Во овој напис се наведени повеќето засега потврдени информации околу ова големо хакирање на Ubisoft. Што точно е самата детална позадина на сето ова и како и зошто сето ова вистински се случува – само времето ќе покаже.
