Компанијата Нинтендо ја најави конзолата „Switch 2“ која ќе пристигне оваа година

Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн на новата конзола. Потврдувајќи го изгледот кој се појавуваше во последните месеци

Фото: Принтскрин од видеото за најава на Nintendo Switch 2, META.MK

Денот конечно пристигна, бидејќи Nintendo официјално го најави излегувањето на Nintendo Switch 2, најлошо чуваната тајна во видео игрите, пренесува Инсајдер Гејминг.

Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн на новата конзола. Потврдувајќи го изгледот кој се појавуваше во последните месеци. Конзолата ќе биде црна и ќе има повеќе округол изглед, ново дизајнирана поддршка со поширок агол, нов изглед на док-станицата, магнетни Joy-Con контролери и повеќе.

Со тоа што Joy-Con-ите исто така ќе бидат црни, а црвената и сината боја од оригиналот ќе се појавуваат под стиковите (рачките).

Тука е и новото копче на десниот Joy-Con, но неговата цел не беше потврдена за време на видео откритието.

Што се однесува до игрите, тизерот беше покажано само нова игра од „Mario Kart“ серијалот која работи на конзолата. Повеќе информации за конзолата и (веројатно) нејзините игри ќе бидат презентирани на „Nintendo Direct“ настан на 2 април. Едно нешто што беше потврдено за време на откритието е дека Nintendo Switch 2 нема да игра само дигитални Nintendo Switch игри, туку ќе може да игра и физички Switch 1 игри.

Сепак, компанијата наведе дека „некои Nintendo Switch игри можеби нема да бидат поддржани или целосно компатибилни со Nintendo Switch 2“. Повеќе информации за тоа ќе бидат дадени „подоцна“.

На крај, беше откриено дека Nintendo ќе организира специјални настани „Nintendo Switch 2 Experience“ во април во три американски градови: Њујорк од 4-6 април, Лос Анџелес од 11-13 април и Далас од 25-27 април.