Комисијата за заразни болести денеска препорача продолжување на рестриктивните мерки и во наредните седум дена односно, забрана и посебен режим на движење на граѓаните во временскиот период од 20 часот до 5 часот наредниот ден, што стапи во сила пред две недели.
Препораката на Комисијата ја разгледа Кризниот штаб, а Владата треба да ја разгледа на утрешната седница и да ја донесе конечната одлука, дали ќе има продолжување на рестриктивните мерки и во наредната недела.
Освен забраната за движење на граѓаните, односно полицискиот час од 22 часот до 5 часот, рестриктивните мерки значат и затворени угостителски објекти и продавање на храна и пијалоци преку штанд или достава до дома, клуч за обложувалниците и работа само преку шалтер, затворени фитнес центри и спортски сали, забрана за одржување на семинари и конференции, како претходната забрана за групирање на повеќе од 4 лица.