Комисијата за заразни болести предложи досегашните мерки да останат на сила

-

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести одлучија да препорачаат до Владата сите досегашни мерки да останат на сила. Оваа одлука е донесена по денешниот состанок на кој беше разгледувана можноста за олеснување на мерките за превенција и заштита од корона вирусот.

„Трендот на нови случаи со Ковид-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките“ – велат од Министерството за здравство.

Оттаму апелираат до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку 2 метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот помеѓу граѓаните е помал од пропишаното.

Денешниот број на новозаразени е 36 лица, додека пак, вкупниот број во земјава достигна до 1.622. Од вирусот закрепнаа 1.112, а почина 91 лице.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...