Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледуваше епидемилошката состојба во државата и во моментов останува на досега прeпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба.
„Лесно зголемување на позитивни од тестирани за ковид-19 има во Скопје и Тетово. Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за ковид-19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации,“ се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот ковид-19.