Комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархељи утре за прв пат ќе ја посети Македонија.

За време на посетата, Вархељи ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој исто така ќе се сретне и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Посетата на Комесарот Вархељи во регионот ќе продолжи во Албанија следниот ден.